„Грен Слем за Роџер? Зависи од самодовербата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Род Лејвер смета дека Роџер Федерер би можел да освои уште една Грен Слем титула до крајот на кариерата, но дека нема да биде лесно.

„Роџер е многу талентиран, но ќе биде тешко. На 35 години можеби не изгуби чекор со остантите, но изгуби верба во тоа дали може да се врати таму каде што порано доаѓаше лесно. Се зависи од неговата самодоверба.“

„Мислам дека многу ќе зависи и од ждребот, ако во рана фаза нема многу тешки натпревари, ќе биде одморен за крајот.“

Федерер во кариерата има освоено 17 најголеми трофеи, а последниот во 2012 година на Вимблдон.