Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот повторно запали со приказна за заминување од Атлетико, Манчестер Јунајтед мора да исполни два услови.
Синоќа Антоан Гризман ја разгори Шпанија и Европа со изјава дека шансите се 60 % да премине во Манчестер Јунајтед, а сега додаде масло на огнот.
Сите тие порано куртоазни изјави за верноста на Атлетико и заколнување на љубов се беше само купување на време додека не ги почна приказните за заминување…
Веќе долго францускиот напаѓач е на мета на големи и богати клубови и почувствува дека е време за трансфер на кариерата.
„Тоа што го сакам во продолжението од кариерата се трофеи. Со Атлетико бев во финале и во полуфинале на Лигата на шампионите, бевме блиску, но очигледно дека нешто недостасува…
Сезоната ја завршивме како трети, што и беше цел во пресрет на сезоната, но сакам повеќе од тоа. Ќе видиме што клубот ќе направи и какви засилувања ќе донесат.
Една од причината поради што го сакам фудбалот е освојувањето на трофеи. Сакам да почувствувам како тоа изгледа и дека ги доживеам тие силни емоции…Дојдов во фаза на кариерата кога убавата игра и головите повеќе не се доволни. Со ова е готово. Сакам титула. Тоа ќе ми биде клучен мотив кога на лето ќе донесам одлука во продолжението на кариерата“, рече Гризнам за Лекип.
Гризман открива и дека нема недостаток на понуди и дека може да бира каде.
„Ако денеска морам да заминам, нема никаков проблем да најдам нов клуб. Можам во Англија, која е моментално во мода, можам во Германија, Кина, Америка…Спремен сум“.
Манчестер Јунајтед неодамна го означи како прва мета во преодниот рок.
За доведување на одличниот напаѓач, Црвените ѓаволи ќе мораат да исполнат два услови.
Прво е да ја платат откупната клаузула во висина од 100 милиони евра на која инсистира Атлетико. Јунајтед е се поблискуи да се одлучи на тоа, свесни се дека од ценкање нема ништо и дека Мадриѓаните нема да попуштат. Ако Јунајтед ја плати клаузулата, Атлетико е немоќен и рацете им се врзани.
Вториот услов е клубот од Олд Трафорд да добие дозвола од играчот, а за тоа е потребно само едно – пласман во ЛШ.
Ако Црвените ѓаволи го совладаат Ајакс во ЛЕ тогаш ќе гбиде остварен и тој услов и повеќе нема да има никаква пречка за можеби и најголем трансфер во наредното лето во светскиот фудбал.
Гризман ги отвори карите, сега е Јунајтед на потег.