Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мекларен, Алонсо има остри критики на сметка на моторот на Хонда, по уште еден ден со разочарувања.
Поранешниот светски шампион за моторот кажа дека нема ниту сигурност, ниту сила, а до крајот на тестирањата останаа само уште неколку денови.
„Уверен сум дека оваа година ќе бидеме конкурентни. Само не знам кога точно.“
„Мислам дека губиме 30 км/ч на секој правец. Кога сте толку бавни, тешко е да имате било какво чувство за болидот. Се останато е во ред, но не знаете што ќе се случи кога ќе ја достигнете нормалната брзина.“
Мекларен е всушност побавен 26.4 км/ч на правец од најбрзиот возач на тестирањето во средата, а тоа беше Ботас.
„Дефинитивно ни е потребен напредок, мораме да напредуваме. Ситуацијата е далеку од идеална, но ние сме голем тим. Потребна ни е реакција, да останеме и работиме заедно.“