Гундоган нема да игра до крајот на сезоната, а Забалета?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола ќе има големи главоболки пред продолжението на сезоната…

Манчестер Сити успеа да го победи Арсенал во овој викенд, но го загуби Пабло Забалета.

Аргентинскиот десен бек ќе мора на дополнителни прегледи со цел да се утврди сериозноста на неговата повреда, вечерва ќе има едно скенирање после што Гвардиола ќе дознае колку долго ќе биде без него.

Се работи за повреда на лигаментите на коленото поради која може долго да отсуствува од теренот, многумина пишуваат и дека неговата кариера во Манчестер Сити е готова.

Германскиот играч за врска Илкај Гундоган веќе е повреден до крајот на сезонат,а повредата на Аргентинецот ќе биде голем удар за Манчестер Сити.

Бакари Сања сигурно ќе добива повеќе шанса во продолжението на сезоната.