Даглас Коста предизвика сообраќајна незгода: Автомобилот во грозоморна слика (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер и член на Јувентус, Даглас Коста учествуваше утринава во сообраќајна незгода.

Како што пренесува италијанска Ла Штампа, Даглас Коста бил во својот Џип и се судрил со 47-годишен човек кој управувал фиат пунто.

Брзата помош брзо пристигнала на местото, но за среќа немало повредени, само споменатиот човек бил пренесен во болница поради безбедност.

Инаку, Коста во текот на оваа сезона запиша 24 настапи за Јувентус и постигна еден погодок покрај двете асистенции.

Инаку, екипата на Јувентус забележи два врзани лоши резултати. По поразот на гости од Аталанта, следеше и ремито на домашен терен против Парма, а Бразилецот порача дека Старата дама нема навика на слаби резултати.

„Секогаш имаме иста желба за победа, иако некогаш не успеваме да ја оствариме“, истакна Коста.

Јувентус во следното коло ќе гостува кај екипата на Сасуоло.