Далиќ потврди: Три суперстар играчи се „враќаат“ против Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На репрезентацијата на Хрватска и следат нови обврски во Лигата на нациите, а наредниот меч ќе се одигра против Шпанија на Максимир.

Ова ќе биде прва средба за Хрватите на Максимир откако го освоија среброто на Мундијалот, а селекторот Златко Далиќ откри дека на истиот ќе присуствуваат и три суперстар играчи – Марио Манџукиќ, Даниел Субашиќ и Ведран Чорлука.

Да потсетиме, овие тројца се простија од репрезентацијата после Мундијалот, а Фудбалскиот сојуз на Хрватска ги покани да присуствуваат на оваа средба.

„Тие доаѓаат ФСХ ги покани, тие се дел од нашата фамилија и тоа сакаме да го чуваме. Сега е прилика да се собереме и да бидеме заедно. Не смееме да ги заборавиме, ниту тоа што го дадоа за нашиот фудбал. Ќе бидат со нас против Шпанија, сакав повторно да бидеме заедно. Ќе добијат свои признанија“, рече Далиќ за хрватските медиуми.