Далиќ: Распад на системот, некој го угаси светлото


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватската репрезентација вчера го доживеа најтешкиот пораз во својата историја.

Избраниците на Златко Далиќ беа разбиени од селекцијата на Шпанија со 6-0 и нормално и за самиот селектор беше тешко да даде изјава што навистина се случи со неговите играчи.

„Одигравме одлични 20 минути на почетокот, створивме три стопостотни шанси, а потоа исчезнавме на теренот, ни дуел, ниту агресија, распад на системот. Како некој да ги угаси светлата. Противникот не разби. Честитки за противникот, а за нас ова е голема поука. Мораме да знаеме каде ни е проблемот. Примивме шест гола, тоа е многу тешко за нас. Но, тоа е што е , одиме понатаму“, рече Далиќ.

Каква е состојбата на Врсаљко?

„Коленото, проблем кој се враќа. Подобро беше да излезе, отколку да се влоши ситуацијата. Ќе видиме, ако биде се како што треба, ќе се опорави за неколку дена“.