Далиќ се прозва за враќањето на Манџукиќ: Тој нам ни е потребен, но мораме да ја почитуваме неговата одлука


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не мнгу одамна Марио Манџукиќ официјално се прости од фудбалската репрезентација на Хрватска. Тој се „збогува“ со репрезентацијата после Мундијалот во Русија, а неодамна имаше официјално збогување.

Покрај него од репрезентацијата на Хрватска се опростија и Даниел Шубашиќ и Ведран Чорлук, а одличниот напаѓач продолжи со квалитетната игра во дресот на Јувентус.

Поради тоа, едно од прашањата на новинарот за селекторот на Хрватска, Златко Далиќ се однесуваше токму на статусот на Манџукиќ.

Далиќ е свесен, но свесна е и цела нација колку би значело тој за нивната репрезентација.

„Јас веќе реков многу пати, можеби Марио е специфичен напаѓач, тој нас ни е потребен, мораме да ја почитуваме неговата одлука, јас прв сакам тој да се врати да игра, но нема потреба сега да разговараме околу тоа“- беше јасен Далиќ.

Манџукиќ за Хрватска запиша 89 официјални настапи и постигнал 33 погодици.