Дали ваков Евертон во следната сезона може до Лигата на шампионите?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналд Куман е јасен, сака да направи успех со Евертон, пред што да тргне во мисија за остварување на својот сон.

Холанѓанецот направи одлична работа во Саутемптон, донесе стабилност во клубот на сите полиња, имаше врвна трансфер политика, Светците под негова палка секогаш делуваа како една од најдисциплинираните екипи во Премиер лигата, а сега слична работа извршува и на Гудисон.

Стигна во летото во Евертон, новиот газда Фарад Мошири верува дека тој е вистински човек за неговиот клуб и верува дека Куман со Карамелите може да направи поместување во елитниот ранг на англискиот ранг.

Желбата на Куман е за во наредната сезона да се бори за едно од првите четири места, и веројатно и најтешка задача за било кој клуб во Европа, со цел да стигне до ЛШ низ натпреварувањето во ПЛ, секогаш сакаат да стигнат тимови како Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул…Прилична жестока конкуренција, во тоа нема сомнеж.

Доколку успее, Карамелите во наредната сезона може да имаат пеколен тим.

Погледнете како тоа може да изгледа.

Голман

Стекеленбург разочара, најверојатно ќе го напушти клубот, а јасно е дека за повисоки цели ќе биде потребен подобар чувар на мрежата од Роблес.
Мети се голманот на Манчестер Сити Џо Харт, кој извесно ќе ја промени средината во ова лето, како и талентираниот чувар на мрежата на Сандерленд Џордан Пикфорд.
Се верува дека 20 милиони фунти би биле доволни и за управата на Граѓаните, но и Црните мачки кои ќе одат во понизок ранг, ќе видиме за кого Куман ќе се одлучи.

Десен бек

Довербата е укажана на Шејмус Колман, ќе добие нов петгодишен договор, но тој на терен може да се врати дури во наредната година.

Јасно е дека ќе им биде потребно засилување на оваа позиција, и во клубот може да стигне Куко Мартина, со чии квалитети Куман е добро запознаен, бидејќи соработуваше на Сант Мерин.

Лев бек

Оваа позоција несомнено е резервирана за Лејтон Бејнс, но бидејќи репрезентативецот на Англија е „ровит“ кога се во прашање повредите, најверојатно и овде ќе биде ангажирано засилување, прва мета е Сеад Колашинац.

На Босанецот истекува договорот со Шалке во ова лето, но Карамелите за неговиот потпис ќе има конкуренција во Арсенал и Манчестер Сити, и малку е веројатно дека ќе стигне на Гудисон.

Бидејќи без ангажман во ова лето ќе остане искусниот Гаел Клиши, а се е извесно и српскиот репрезентативец Александар Коларов, можеби искусниот Холанѓанец тука ќе пронајде решение за ротација.

Стопери

Сон е секако човекот кој Куман од Селтик го доведе во Сотон, Виржил ван Дајк.

Сепак и тука е конкуренцијата силна, стоперот на Сотон го сакаат и Челси, Ливерпул, како и Манчестер Сити, а од управата на Саутемптон изјавија дека Холанѓанецот ќе остане на Сент Мери барем уште една сезона.

Доколку тој не стигне, по пат за Ливерпул може младиот Мајкл Кин, човекот кој доби шанса во Манчестер Јунајтед, но со партиите во Барнли избори и место во репрезентацијата на Англија.

Сепак, Јунајтед сака да го вратим ќе видиме дали на Гудисон или на Олд Трафорд, додека е јасно дека ќе го напушти „Тарф Мур“.

Нормално, тука се и Ешли Вилијамс, Мори и искусниот Џагелка, со едно квалитетно засилување навистина сосема пристојна ротација на позиција централен дефанзивец.

Централен играч за врска

Офанзивни играчи за врска

Тука најверојатно нема да има многу промени. Куман смета на Гај и Шнајдерлин, ќе има помош и во искусниот Герет Бери најверојатно, а нема сомнеж дека ќе добие шанса и талентираниот Том Дејвис.

Мираљаш и Баркли ќе останат во Евертон, но Куман сака уште играчи како нив.

Идејата е да им се придружи Дејви Класен од Ајакс, капитенот на тимот од Амстердам, блеска во оваа сезона, а може да биде и прилично достапен, се шушка дека Ајакс ќе го пушти и за 20-25 милиони евра.

Не треба да се заборави и дека тука е младиот Адемол Лукман, а во наредната сезона во погон се враќа и повредениот Јаник Боласи.

Напад

Што се однесува до позицијата во нападот, Куман ќе проба да го задржи Лукаку, а со него во нападот сака да спари и еден брзоног напаѓач.

Енер Валенсија не задоволи, и решение ќе мора да се побара на трансфер пазарот, најновите информации укажуваат дека на Гудисон може да стигне Сандро Рамирез од Малага и тоа за само шест милиони евра.

Вака може да изгледа првиот состав на Евертон за наредната сезона:

Резерви: Роблес/Куко Мартина, Џагелка, Фунес Мори, Колашинац/Коларов/Клиши/Том Дејвис, Бери/ Лукман, Мираљаш, Калвер – Луин, Боласи