Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алекс Фергусон е можеби најдобриот тренер кој некогаш бил во ПЛ, со Јунајтед освои се што можеше да се освои иако на почетокот не му одеше баш најдобро.
Во Манчестер пристигна во 1986, а во 2013 ја заврши кариерата и тоа пак во Јунајтед и помина вкупно 7582 дена на клупата на Јунајтед.
Дали некој може да го собори овој рекорд?
Ако некој може тоа е Венгер, човекот кој во последниот месец е на удар од страна на критичарите и навивачите после лошите игри во ПЛ и поразот од 5:1 од Баерн Минхен.
Договорот му истекува на крајот на оваа сезона, прашање на време е дали ќе го продолжи но едно е јасно. На 5ти јули 2017 година Венгер ќе го сруши рекордот на Фергусон и ќе стане човекот кој најмногу седел на една клупа на тим од ПЛ.