Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул Јурген Клоп блескаше од среќа после синоќашната победа над ПСЖ со резултат 3:2.
Редсите до победата стигнаа во втората минута од судиското продолжение кога Роберто Фирмино постигна гол за победа на Ливерпул кој претходно водеше со 2:0.
Бразилецот не беше во стартниот состав поради тоа што пропушти неколку тренинзи пред натпреварот поради повреда на окото што ја здоби на натпреварот против Тотенхем па победничкиот гол го прослави со тоа што го прекри ,,ранетото” око со раката.
Изгледа дека тој начин на прослава му се допадна и на неговиот менаџер Клоп кој после натпреварот го направи истото додека даваше изјава на ТВ.
Роберто Фирмино и оваа сезона ќе биде важен фактор за Ливерпул, а се чини дека полека се враќа во вистинската форма бидејќи беше одличен на последните два натпревари против силни противници.
Brilliant ? pic.twitter.com/WEVKfJWJwY
— Klopp (@BundesligaLFC) September 18, 2018
⚽️ | That celebration from Firmino ??♂️?
— Watch LFC (@Watch_LFC) September 18, 2018