Дали денеска би имало место во тимот на Барса за Луис Енрике?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно признание на тренерот на Барселона.

Луис Енрике беше капитен и голема ѕвезда на Барселона за која настапуваше од 1996 до 2004 година, но тврди дека е среќен што не е роден во новата ера, бидејќи во тој случај нема да можел да игра.

„Имам среќа што не сум роден во ова ера. Еден ден ги следев позиционите вежби и помислив „да се наоѓам во овој тим, не би одиграл ниту минута“, рече Енрике.

Луис Енрике во кариерата пред Барса играше за Реал Мадрид и Спортинг од Хихон.

Во кариерата вкупно одигра 558 натпревари и постигна 144 голови за споменатите три тима, а најмногу даде токму во Барселона – 109 на 300 мечеви.

Како тренер, работеше во Барселона Б, Рома и Селта, пред што во лето 2014 година повторно дојде на Ноу Камп.