Дали е ова можно, Интер веќе размислува за нов тренер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова го има само во Италија, наредната недела може да биде одлучувачка за Франк Де Бур.

Де Бур беше желба на Тохир уште во минатата сезона, на крајот после заминувањето на Манчини, Холанѓанецот практично после припремите стигна во клубот.

Тој низ редови порача дека не е задоволен од физичката подготвеност на екипата, се јави Манчини и оштро демантираше, со порака дека тоа е алиби.

Интер се засили, меѓутоа резултати нема. Бод од првите два меча и тоа после гостувањето во Верона и натпреварот на домашен терен против Палермо е премалку.

Холаншанецот бара трпение, верува дека во наредните неколку месци тимот ќе почне да игра како што очекуваат навивачите, но изгледа дека нема да го добие тоа време.

Поедини медиуми тврдат дека Кинезите веќе размислуваат за други тренери, поточно некој да го „чува“ клубот се додека не го убедат Симеоне.

Имено, Интер гостува во Пескара за викендот, па тогаш играат натпревар против Хапоел во ЛЕ, па следниот викенд на Меаца стигнува страшниот Јувентус.

Ако екипата остане без победа во четири кола, ќе се размислува за отказ на Де Бур, бидејќи ривалите може да побегнат.

„Газета дело Спорт“ пишува дека алармот може да биде запален веќе на Адријатик, ако не ја добијат Пескара која го запре Наполи на стартот, и дека Де Бур за работа може да игра против Јувентус.

Колку е тешка мисијата не е потребно да се објаснува…