Дали е тој делот кој недостасува за ова Барса да биде посилна отколку од Пеп?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во сабота е најавен најголемиот летен трансфер на Барселона на можеби и најкритичната позиција, стигнува Жоао Кансело, одличниот офанзивевен десен бек од Валенсија.

Луис Енрике ќе добие и во ова лето големо засилување, поради тоа што Барса и Валенсија постигнаа договор за зделка вредна 30 милиони евра.

Енрике во првиот летен преоден рок го доби Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Марк Андре Тер – Штеген, потоа во следното стигна Арда Туран, а фво летото доведе шест засилувања кои ги сакаше, но од нив само Самуил Умтити ги оправда очекувањата.

До доаѓањето на Кансело, се верува дека Барселона може да биде многу посилна, не затоа што Серхио Роберто има лошо како бек, поради тоа што може да конкурира за својата позиција во средниот ред.

Се верува дека Роберто можеби би бил и најдобро решение со Иван Ракитиќ и дека ќе мора да има предност пред Арда Туран, Рафиња и Денис Суарез, а поготово пред Андре Гомеш кој е можеби и најслаб играч за врска, иако има голема минутажа кај Луис Енрике.

Секој тим на Барса мора да помине споредба со таа прочуената од ерата на Пеп Гвардиола од 2011 година кога Каталонците доминираа и ја освоија Примера и Лигата на шампионите.

Од таа екипа, сега и понатака незаменливите Пике, Бускетс, Иниеста и Меси, додека останите седуммина ќе се менуваат.

Тогаш тука беа – Виктор Валдес, Дани Алвеш, Карсел Пујол, Ерик Абидал, Чави, Педро и Давид Виља, кој сега ги заменија Тер Штеген, Самуел Умтити, Жорди Алба, Иван Ракитиќ, Нејмар и Луис Суарез.

Одбраната на Пеп сигурно беше посилна, дури и кога ќе дојде Кансело, но нападот на Енрике дефинитивно најсилен и во историјата на фудбалот.

Дали Луис Енрике на лето ќе има тим кој ќе биде посилен и од најсилниот?!