Дали Игуаин ги навреди навивачите на Реал Мадрид?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин ова лето дојде во Јувентус од Наполи и е најскапото засилување на Јуве за минатиот трансфер период.

Игуаин од 2007 до 2013 го носеше дресот на Реал Мадрид па истакна дека има доста сличности помеѓу Јувентус и Реал Мадрид кога во прашање е победничкиот менталитет.

„Јувентус е сличен на Реал Мадрид, те подготвуваат да победуваш, но сепак има една разлика. Навивачите на Јувентус не бараат толку многу како тие од Мадрид. Немаат иста култура“ – изјави Игуаин.