Дали конечно е позната иднината и новиот клуб на Марез?!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Ријад Марез е поврзуван со голем број на клубови од ПЛ, а сега најверојатно е најблиску до тимовите на Арсенал и Ливерпул кои останаа без своите најголеми ѕвезди.

Ливерпул остана без Кутињо и така мора да бара замена за него додека Арсенал е на прагот да го изгуби Санчез и ќе мора да го пополни неговото место во тимот.

Марез има договор со Лестер до 2020 година, но и покрај интересот на големите гиганти, тренерот на Лестер, Пуел верува дека ќе успее да го задржи Алжирецот во тимот.

Се споменува дека Ливерпул е подготвен да понуди 55 милиони евра за овој фудбалер.