Дали Роналдо по овие ножички на Де Јонг ќе може да спие мирно?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на ПСВ во саботниот меч од 13. коло во холандската Ерадивизија, рутински со 3:0 на свој терен го совлада тимот на Херенвен, а прецисни беа Лозано во 11. и 66. како и Де Јонг во 52. минута од мечот.

Норвешкиот фудбалер, Мортен Торбси во 37. минута по жестокиот старт заработи црвен картон и така на ПСВ му ја олесни работата во овој меч.

Тимот од Ајндховен славеше без проблеми, а посебно атрактивен беше погодокот на нивниот напаѓач Лук Де Јонг кој по една добро изиграна акција го искористи центаршутот на Лозано и маестрално со ножички успеа да ја смести топката во противничкиот гол.

ПСВ со ова триумфално дополнително се зацврсти на лидерската позиција во Ерадивизија со 39 освоени бодови, а во 13 одиграни кола имаат максимален учинок што секако е за секој респект.