Дали сте знаеле – Најефикасен „шпански“ тим е Челси!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Многу интересен податок, Шпанците најмногу ги тресат мрежите во Челси.

Екипата на Челси оваа сезона успеа да направи нешто неочекувано. И покрај слабиот старт, екипата на Конте успеа да се подигне по промената на формацијата на 4-3-3 и сега се убедливо први на табелата.

Покрај тие достигнувања, мораме да кажеме и еден интересен детал.

Знаете ли дека Челси, покрај цела Примера, е тим кој е најефикасен кога ќе ги гледаме само шпанските фудбалери.

Шпанците за Челси оваа сезона постигнаа 39 голови, во Реал постигнаа 37, во Севиља 22, Атлетико 18, а во Барселона само 14.