Дали шпекулациите ќе станат вистина – Левандовски се сели во Англија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во медиумите во претходните денови многу фудбалери се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, а еден од нив е Левандовски.

Еден од најдобрите напаѓачи во моментов во светот, Левандовски ги тресе секаде мрежите и покажува дека го заслужува дресот на Баерн Минхен.

Но често се зборува за негово преминување во ПЛ.

Така беше и овие денови, а се пишуваше дека Мурињо го сака во своите редови.

Секако, во Минхен ги отфрлаат шпекулациите, а дека нема да замине од тимот, тврдат и некои новинари затоа што тој не сакал нов предизвик.

Манчестер Јунајтед има за цел да донесе напаѓач од светска класа во наредниот преоден рок, а најмногу покрај него се споменуваше Гризман.