Дани Алвеш откри поради што ја напушти Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус утре на својот стадион ја дочекува Барселона во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Овој двомеч ќе биде посебен за Дани Алвеш кој во минатото лето после осум години ја напушти Барселона, и својата кариера се одлучи да ја напушти во Јувентус.

Бразилскиот фудбалер призна дека ќе биде утре чудно да игра против своите довчерашни соиграчи, и објасни поради што се одлучи да го напушти Ноу Камп.

„Нормално дека беше чудно да го облечам црно-белиот дрес бидејќи толку години играв за Барселона. Морам да признам дека повеќе не се чувствував добро во Барселона. Се променија некои работи во клубот и сфатив дека е време да ја напуштам екипата.

Секогаш зборуваа дека треба да одам и повеќе не можев да ги слушам тие приказни. Се одлучив да ја побарам среќата некаде на друго место“, рече Алвеш, и додаде:

„Чудно е чувството кога знам дека ќе играм утре против саканиот клуб. Сигурен сум д ека им недостасувам и знам дека речииси сите максимално ме ценеа додека бев таму. Сепак, утре ќе бидам концетрирам само на натпреварот и сакам мојата екипа да излезе од овој дуел како победник“.