Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек е на излезните врати на Емиратите.
Овој англиски репрезентативец веќе некое време не игра некоја важна улога во екипата на Топџиите, а се чини дека својата среќа нема да ја пронајде ниту кај новиот менаџер Емери.
Британските медиуми пишуваат дека тој е близу до заминување од клубот, и дека веќе има три понуди и тоа од Евертон, Бурнемоут и Саутемптон.
Наводно, Арсенал е спремен да го продаде Велбек, но не е познато неговото обесштетување. Неговиот договор е до јуни 2019 година и се очекува тоа да не биде некоја спектакуларна цифра.
Велбек има 27 години и во кариераа не промени многу клубови.Играше за Манчестер Јунајтед, Престон и Сандерленд, а член е на Арсенал од 2014. година каде што пристигна за 20 милиони евра.