Дарио Срна откри зошто ја одби Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Дарио Срна во оваа зима беше на чекор од премин во Барселона, но на крајот се одлучи да остане во Шахтјор.

Искусниот десен бек на украинскиот Шахтјор изнадувачки се појави на радарот на Барселона која силно сакаше да го доведе на Ноу Камп на почетокот на оваа година.

Иако речиси сите веруваа дека Срна не може да одбие трансфер на кариерата, на крајот им докажа дека грешат.

На големо изненадување на спортската јавност хрватскиот фудбалер ја одби Барселона и се одлучи да остане во Шахтјор.

После неколку месеци Срна конечно одлучи да ги открие причините поради кои не сакаше да ја продолжи кариерата во еден од најдобрите клубови на светот.

„Сакам да ја завршам кариерата во Шахтор. Кога претседателот на клубот ми понуди нов договор му реков дека моето срце припаѓа овде. Лесно се договоривме за деталите на новиот договор. Знаете сите за приказната за Барселона, но како што реков моето срце припаѓа овде и не можев после 14 години да го напуштам клубот. Едноставно станав член на оваа фамилија“, рече Срна.