„Да не беше Беговиќ ќе испадневме од лигата!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Стоук Сити и денес се потсетува на Беговиќ.

Тој во Стоук остави голема трага. Беше член на тимот од 2010 до 2015-та година, а откако беше јасно дека трансферот во Челси бил грешка, навивачите сметаат дека најдобро решение за него е да се врати во тимот.

„Асмир не спаси премногу пати. Можеби ќе испадневме од лигата да не беше тој. Во моите очи тој е секогаш наш играч и е премногу добар за да седи на клупата на Челси.“

Беговиќ наскоро ќе го напушти Челси, а најголем интерес за него покажува Вест Хем.