„Да останев во Интер ќе бевме шампиони на Италија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак Роберто Манчини пред самиот почеток на оваа сезона ја напушти клупата на Интер.

На изненадување на навивачите на Интер неколку дена пред почетокот на Серија А Манчини се одлучи да го раскине својот договор.

Италијанскиот стручнак сеуште не најде нов ангажман, а конечно е одлучено се одлучи да открие зошто се одлучи да ја напушти клупата на Интер.

„Спогодбено ја раскинавме соработката бидејќи по мое мислење немав можност мирно да работам. Во клубот владееше некој хаос и не сакав да бидам дел од  тоа. Жал ми е што се заврши така бидејќи имав чувство дека можевме во оваа година да се бориме со Јувентус“, рече Манчини.

Манчини пред неколку дена доби понуда од Лестер да ја преземе клупата на актуелниот шампион на Англија после што отказ доби Клаудио Раниери.

Сепак, италијанскиот стручнак ја одби таа понуда, бидејќи својот одмор ќе го заврши дури на крајот на оваа сезона кога ќе побара нов ангажман.