Двапати во само еден месец: Скаутите на Арсенал сериозно загризаа за фудбалерот на Милан…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските и англиските медиуми, Арсенал е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Сусо.

Сусо се следи од страна на Арсенал веќе неколку години, а во последниот меч скаутите го следеле овој фудбалер двапати на натпреварите на Милан.

Не е единствен скаутиран од страна на човекот кој е задолжен за пазарот на Италија, тука е и Николо Барела од Калјари.

Сусо оваа сезона забележа осум погодоци и пет асистенции, тоа се случи до Нова Година, а потоа имаше проблем со повредата и не постигна ниту еден погодок.

Арсенал има неколку мети на неговата позиција, една од нив е и Јаник Караско, па останува да се види на крајот за кого ќе се одлучи управата.