Два шпански гиганти во битка за потписот на Столе Димитриевски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе е јасно од поодамна дека нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ќе ја промени средината во текот на овој преоден рок.

Во изминатиов период се појавуваа шпекулации кои го поврзуваа нашиот голман во Реал Бетис, а потоа излезе информација дека за него е заинтересиран и тимот на Еспањол.

На крајот, Димитриевски беше најблиску до трансфер во тимот на Малага, тим кој од оваа сезона ќе игра во втората по ранг лига во Шпанија. Од Малага дури и испратиле понуда, наводно и се било договорено, сега само се чека потписот на челниците на овој клуб за работата да биде официјализирана.

Но ваква е ситуацијата во последната недела, а се уште нема конечна разврска. Токму затоа, уште еден обид за ангажман на Димитриевски ќе има и од тимот на Еспањол. Клубот од Барселона сака да го види 24 годишниот голман во своите редови, но таму Столе веројатно би бил втор избор.

Во Малага, Димитриевски би требало да биде прв чувар на мрежата иако во тимот пред една недела пристигна репрезентативниот голман на Иран, Мунир.

Каде ќе заврши нашиот голман ќе дознаеме во текот на следниве неколку денови.