Две победи од два натпревари за кошаркарите на „Трофеј Македонија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Нашите најдобри кошаркари вечерва во арената „Борис Трајковски“ ја победија и селекцијата на Холандија, во продолженија со 78:72.

Можеше да се рече дека гостите од Холандија го имаа целиот натпревар и ни водеа дури и 12 поени, но момците на Давитков влегоа во шутерско расположение кога беше најпотребно на крајот и успеаа прво да изедначат и да го однесат натпреварот во продолженија, за потоа да славиме со конечни 78:72.

Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Војдан Стојановски со 23 постигнати поени. Утре нашите кошаркари ќе одиграат со БиХ која исто така има две победи од два меча.