Две прекрасни вести за Адуриз после пет постигнати голови

    Одличниот напаѓач на Ариц Адуриз постигна синоќа дури пет погодоци за екипата на Атлетик Билбао во мечот од Европа лига против Генк.

    Неговиот тим славеше со 5:3, а Адуриз два од пет голови постигна од единаесет метри. Сепак, тоа беше само почеток на многу среќен ден за него.

    Само неколку часа после тој натпревар јавено му е дека неговата сопруга се породила и дека добил ќерка, а после тоа стигна и повик во репрезентацијата на Шпанија од селекторот Хулен Лопетеги.

    Да потсетиме, Адуриз за репрезентацијата на Шпанија одигра засега шест мечеви и постигна еден погодок.