Демба Ба има нов клуб


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Фудбалерот кој своевремено ги угаси надежите на Ливерпул дека можат да дојдат до титулата, стигна до нова епизода во својата кариера.

Демба Ба, 33 годишниот Сенегалец, кој добро го паметат навивачите на Ливепрул затоа што во сезоната 2013/14 ги уништи сите надежи на клубот за освојувате на титулата во Премиер лигата, од денес е нов член на турскиот Истанбул Басакшекир.

Ба во својата кариера играше за 10 клубови, најголем белег остави во Хофенхајм, Њукасл и онаа сезона во Бешикташ кога за само една година постигна 27 голови.

Играше и во Кина за Шангај Шенхуа и таму беше фантастичен, па нема сомнение дека ќе биде од голема помош за Басакшекир во борбата за трофеи.