Дембеле ги налути сите во Барселона, Валверде реши да стави – крај!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона повеќе нема надеж дека ќе се поправи ситуацијата со Осман Дембеле, кој продолжи да ја нервира управата на клубот, но и тренерот Ернесто Валверде.

Дембеле се однесува лошо, а имал и караница со Валверде, па поискусните фудбалери во соблекувалната велат дека има многу лош карактер и дека не се посветува на фудбалот, туку на ноќен живот и забави.

Французинот е многу талентиран, но дефинитивно има некаков проблем. Синоќа дополнителни ги налути навивачите, откако уште вечерта изнајмил приватен авион и по дуелот си заминал во Франција.

Собирот на фудбалерите е попладне, но навивачите му замеруваат зашто тоа го направил многу порано, наместо утрово да изнајми авион.

Очигледно нема повеќе иднина за Дембеле во Каталонија, па наводно Барселона ќе го понуди на неколку англиски клубови и ќе се обиде да врати дел од парите.