Дембеле го обвинија дека задоцнил на тренинг, а потоа реагираше Французинот на Инстаграм (ФОТО)

Францускиот фудбалер Осман Дембеле не се наоѓа во најдобри односи со тренерот Ернесто Валверде во последно време.

Барселона во средата го победи Интер на „Камп ноу“ со 2-0, а Дембеле натпреварот го гледаше од клупата, иако се очекуваше да игра наместо повредениот Лионел Меси.

Наводно, пред почетокот на оваа недела Дембеле задоцнил на еден тренинг на Каталонците, а таа вест ја пренесоа сите спортски медиуми.

Дембеле најде таква објава на Инстаграм и реши да остави коментар, а со тоа и да демантира дека задоцнил на тренинг.