Денови на среќа за Манџукиќ: После Мундијалот го чека трансфер на кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Манџукиќ го прославува големиот успех на хрватската фудбалска репрезентација која доби пласман меѓу осумте најдобри на светското првенство во Русија.

Напаѓачот на Јувентус вчера постигна погодок на натпреварот против Данска кој во регуларните 90 минути заврши со 1-1, истиот резултат беше и за време на продолженијата, а потоа на пенали ,,Ватрените” ги средија Данците.

Манџукиќ повторно се покажа како навистина квалитетен играч, а такви очигледно сака Жозе Мурињо. Британски ,,Експрес” пишува дека Манџукиќ би можело да оди во Манчестер.

Се очекува Јунајтед да направи службено патување следната недела во Торино, а Јувентус може да го пушти 32 годишниот Манџукиќ да одигра уште една или две сезони на високо ниво во Премиер Лигата.

Хрватот пред да игра во Јувентус играше за Баерн Минхен и Волфсбург, пред тоа во Шпанија за Атлетико Мадрид, а одењето во Манчестер би можело да биде круна на неговата богата кариера и секако евентуалниот успех во Русија.

Иако има уште две години од договорот, Јувентус би можел да му се заблагодари за се што тој направил така што би му дозволиле да ја промени средината. Но сето ова зависи и од самиот Манџукиќ и неговите планови за иднината.