Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Холандија, Роналд Де Боер даде интересна изјава поврзана со играчот на Лион, Мемфис Депај.
Тој во јануари стигна во Лион по година и пол во Манчестер, каде што внимание привлекуваше со стилот на облекување, а не со игрите.
Де Боер смета дека бил премногу во јавност поради погрешни причини и дека не смее да си дозволи да биде кловн.
„Депај е одличен фудбалер, но треба да работи. Мора да биде паметен. Не му треба толку големо внимание надвор од теренот. Го видов Обамејанг во смешна облека. Изгледаше како кловн, но сите се насмеаа затоа што тој постигнува голови. Кога играте лошо, тогаш повеќе се посветува внимание на вашата облека.“
Депај по доаѓањето во Лион се разбуди малку. Одигра 7 натпревари и постигна 3 голови, како и 3 асистенции.