Десетте милиони оштета остануваат во заборав: Конте го тужи Челси и бара најголема оштета од било кога?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема договор помеѓу Челси и Антонио Конте, околу спогодбеното раскинување на договорот. Не е во прашање само нешто повеќе од 10 милиони колку требаше „Плавите“ да му исплатат за последната сезона, туку и оштета која Конте ја бара поради претрпена штета.

Имено, тој смета дека Челси го нарушил неговиот углед, но и му го уништи договорот со Реал или репрезентацијата на Италија, бидејќи екаа да почнат подготовките за да го сменат.

Од друга страна, Челси го обвинува тренерот дека нанел финансиска штета на клубот кога јавно, со порака го отпушти Коста и така му ја намали цената на пазарот. Иако и таква ситуацијата, Коста за рекордни 66 милиони за клубот беше продаден.

Ако пред неколку дена ја прифатеше понудата од Реал, Конте би морал да се откаже од парите кои ги прима додека му трае договорот, а мали се шансите и за оваа тужба која се однесува на нанесена штета и повреден углед.

Вака, судењето продолжува, а ќе биде интересно да се види што ќе се случи ако Мурињо заработи отказ и клупата на Манчестер Јунајтед му биде понудена на Италијанецот, на што како што се наведува тој цели.

Конте за две години ја освои титулата, па потоа и купот, но Челси остана без Лигата на шампионите, заработи отказ иако почна со подготовките, а поголем проблем од резултатот беше судирот со клубот, односно претседателот околу трансферот, односно неможноста да влијае на доведувањето на играчи.