Деулофеу го одбра својот нов клуб, но има еден голем проблем!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Откако Кутињо официјално стана фудбалер на Барселона јасно е дека тие мора да продадат неколку фудбалери до крајот на јануари.

На трансфер листата на Барселона се наоѓаат неколку имиња, а меѓу нив е и тоа на Деулофеу кој летово се врати во тимот. Барселона одлучи да го откупи неговиот договор откако тој играше одлично во Милан.

Меѓутоа, откако стигна во Барселона, тој не го доби своето место во тимот на Валверде, затоа што не ги оправда очекувањата.

Интерес покажаа Наполи и Интер, а според медиумите овој фудбалер го одбрал Интер. Тој сака да ја продолжи својата кариера таму, но има голем проблем и не е сигурно дали ќе се исполни неговата желба.

Интер поради казната за ФФП не може да купува фудбалери во овој преоден рок и единствена опција е тој да дојде на позајмица до крајот на сезоната. Но Барселона сака да го продаде веднаш или тој да замине на позајмица, но со право на откуп, а тоа Интер не може да го исполни во моментот.