Дефинитивно, донесена е одлука околу Гризман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е пораката и околу неа нема повеќе никакви дилеми…

„Некои возови не проаѓаат два пати“.

Имено, Барселона испрати одговор до сестрата на Гризман, која е негов агент дека не планира да плати околу 120 милиони евра за Французинот.

Има неколку причини за тоа, во Барселона се огорчени поради тоа што имале договор со Гризман кој тој го погазил и во последен момент одлучил да остане во Атлетико.

Тогаш, тој, во документарецот кој го продуцираше компанијата на Пике ја истакна својата одлука, а претходно тој не ги известил Каталонците, кои останаа запрепастени како и целиот свет.

Некои играчи пробуваат да го поттурнат доаѓањето на Гризман, пред се францускиот клан преку директорот Абидал, но наводно, забраната стигнала од највисоките рангови.

Барселона може да го продаде Кутињо и да го доведе Гризман, но не гледаат никаква потреба.

И понатаму единствена желба е Лука Јовиќ, Абидал и Сегура синоќа беа во Лисабон и разговараа со напаѓачот, немаа прилика да го видат во акција, но не е потребно, тие го имаат следено на 15 натпревари.

Желбата на Лука да се префрли на Камп Ноу не е толку важна, но Ајнтрахт тврди дека ќе ја прифати најдобрата понуда, ги чекаат и ПСЖ и Баерн кои можат да платат повеќе од Каталонците.

Како и да е, Гризман нема да оде во Барселона, дали ќе „згриза“ во Јунајтед, останува да видиме..