Дејвис Бекам ќе биде прв фудбалер кој ќе добие статуа во Америка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејвид Бекам е првата голема ѕвезда, која заигра во МЛС-лигата и постигна многу успеси, а тоа Американците нема никогаш да го заборават.

Бекам ја шокираше јавност со својата одлука да се пресели во Лос Анџелес галакси, но токму тој беше првиот во серијата фудбалери, кои се преселија во Америка.

Американците знаат тоа да го почитуваат, а тоа го докажаа и пред неколку дена откако соопштија дека Бекам ќе биде првиот фудбалер, кој ќе добие своја статуа пред стадионот во Лос Анџелес.

Стадионот „Дигнити Хелт Спорт парк“ сега ќе добие статуа на 43-годишниот легендарен фудбалер, кој уште еднаш ја покажа својата големина.

Бекам за Галакси одигра 124 натпревари и постигна 11 голови, па така им донесе две титули.