Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кевин Де Брујн во интервју за Скај Спорт кажа дека неговиот соиграч Бернардо Силва се облекува „како да има 40 години“.
Де Брујн во еден момент прокоментира за Силва, дека носи облека како за маж од 40 години и дека воопшто не се труди да изгледа добро.
Белгиецот додаде дека често играчите му сугерираат да отиде во шопинг и да си ја обнови гардеробата.
„Бернардо Силва е страшен. Се облекува како 40-годишник, а има само 24 години. Секогаш носи бели патики кои се нечисти и истрошени. Сите му говориме: Купи си нови, имаш доволно пари, но тој нас не не слуша“, откри Де Брујн.
И едниот и другиот оваа година играат важна улога во Манчестер Сити, кој со Ливерпул го дели првото место во Премиер лигата.