Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи одбил понуда од соништата за Калиду Кулибали.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, наводно одбил 100 милиони евра за дефанзивецот, а понудата наводно пристигнала од Манчестер јунајтед.
Сенегалецот беше желба и на Челси и Евертон минатото лето, а тогаш стигна понуда од 60 милиони во Неапол, но Аурелио Де Лаурентис не сакаше да го продаде својот играч.
Кулибали е основа на одбраната, а Анчелоти доби гаранции дека Хисај, Инсиње и Желински нема да заминат, без разлика колку добра понуда ќе пристигне.
Доколку Наполи ја прифатеше понудата, тогаш тоа ќе беше светски рекорд за дефанзивец.