„Де Хеа ќе остане во тимот!“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Жозе Мурињо верува дека Де Хеа и во наредната сезона ќе остане во Манчестер.

Тој се поврзуваше со Реал. Во септември 2015-та година потпиша договор, кој поради бизарна грешка во системот пропадна.

Сепак, оваа година Де Хеа повторно е нивна желба, а Мурињо смета дека тој ќе остане во тимот.

„Пријател сум со луѓето во Реал, а кога сте пријател со нив, не се кријат такви работи. Секогаш бевме директни и не се грижам за ништо. Можам да кажам дека Де Хеа е среќен тука и јас сум задоволен со него.“

Тој дојде од Атлетико Мадрид, а одигра 256 натпревари за Јунајтед.