Диаз: Вечно ќе бидам благодарен на Лопетеги


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Маријано Диаз се прости од Жулиен Лопетеги кој доби отказ од кралскиот клуб.

Според зборовите на напаѓачот на Доминиканската Република, Лопетеги бил најзаслужен човек што тој добил втора шанса во Реал Мадрид и тоа никогаш нема да го заборави.

,,Вечно ќе му бидам благодарен на Лопетеги, бидејќи тој е еден од оние кои ми овозможија да се вратам во Реал Мадрид. Тој е заслужен што сум сега овде”- рече Диаз и додаде:

,,Му посакувам се најдобро во иднина. На нас сега ни останува да се бориме повеќе од било кога за да се извлечиме од оваа непријатна ситуација.”

Маријано Диаз минатата сезона ја помина во Лион, но Реал и понатаму поседуваше 35% од неговите права. Летото одлучја тој да се врати на Бернабе и тоа за 23 милиони евра , а дури одлучија да му ја дадат и ,,седумката”, бројката која ја носеше Кристијано Роналдо.