Диего Коста ги поминува најтешките денови во Челси

Напаѓачот на Челси, Диего Коста го пропушти натпреварот против Лестер кој беше одигран во саботата.

Како причина се наведува неговата повреда, но јасно е дека тој се наоѓа во караница со Конте, кој намерно не го повика во тимот поради „непочитување на одлуката на стручниот штаб“.

Дека Коста направи некои грешки зборува и инфорацијата дека е исфрлен од тимот, а денес во јавноста се појавија слики на кои се гледа дека тој тренира сам.

Коста беше единствен фудбалер на теренот, а со него беше само еден од помошниците тренери на Челси.

Медиумите наведуваат дека Коста сам си ги донесувал топките со кои тренирал и дури самиот морал да го поместува живиот ѕид.

Неговиот тренинг траеше отприлика еден час, а ова е прв пат тој сам да тренира откако се појавија шпекулациите за негово заминување.

Се споменуваше заминување во Кина, но Абрамович нема да го пушти да замине во јануари.