Дилеми повеќе нема: Статистиката открива дека Меси е убедливо најдобар во 2016


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси уште еднаш синоќа покажа дека му нема рамен. Барселона се мачеше во градското дерби против, а кога се разбуди малиот Аргентинец на Еспањол повеќе и немаше спас.

Два фантастички слаломи, баш во стил на легендарниот Алберто Томба, го фрли во транс Ноу Камп, но и сите искрени љубители во фудбалот.

Меси нас ни докажа дека невозможното може многу лесно да го претвори во апсолутно можно, а дека 2016 беше одлична покажуваат и бројките.

Имено, одличниот напаѓач оваа година ќе ја заврши како играч со најмногу голови во каледарската година и во тековната сезона, играч со најмногу асистенции и како играч со најмногу погодоци во Лигата на шампионите и Ла Лига. Покрај се тоа, стигна до титулите шампион на Шпанија, и Купот на Кралот, додека со Гаучосите стигна до финалето на Копа Америка.

Брилијантно, нема што…

 

Меѓутоа, сите ги загрижи синоќешното признание на потпретседателот на Каталонците дека преговорите за продолжување на неговиот договор не се ни започнати. Повеќе за тоа ТУКА.