Димитриевски брилјираше на голот за победа на Рајо Валјекано над Леванте и Барди (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Рајо Валјекано забележа многу вредна победа против тимот на Леванте со 2:1, а најзаслужен за освоените три бода за домашниот тим беше нашиот голман, Столе Димитриевски кој имаше неколку одлични одбрани.

Вредна за издвојување е онаа од петтата минута кога Димитриевски му одбрани зицер на Роџер Марти.

Само шест минути подоцна Димитриевски му одбрани уште еден одличен удар, овој пат на Жозе Моралеш.

До крајот на средбата Столе имаше уште неколку екстра добри одбрани и по овој натпревар повторно со сигурност ќе конкурира за тимот на неделата во Ла Лига.

Инаку во таборот на Леванте сите 90 минути ги одигра Енис Барди кој само еднаш се закани по голот на Димитриевски.