Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Како што е официјално објавено на страницата на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Бразилец ги договори сите детали и кариерата ќе ја продолжи во Хрватска.
Нов фудбалер на „Модрите“ е 21-годишниот Бразилец Маркос Гиљерме!
Ова момче ги бранеше боите на Атлетико Параненсе во елитното бразилско натпреварување, запиша преку 150 официјални настапи за овој клуб.
Беше и член на младинската селекција на Кариорите која во Нов Зеланд е поразена од селекцијата на Србија во големото финале на СП за играчи до 20 години, а во дресот на У20 селекцијата запиша 17 настапи и постигна шест голови.
Пред него несомнено е убава иднина, а упрвата на хрватскиот клуб со право се презадоволни со неговото ангажирање.
„Маркос Гиљерме е исклучително талентиран играч, член на младата репрезентација која играше финале на СП во 2015 година и кој поседува големо проволигашко искуство“, изјави спортскиот директор на Динамо Маријан Влак за официјалниот сајт на клубот.
„Вложен е огромен напор, но од тоа задоволството е поголемо. Гиљерме долго го следевме и впечатокот е над очекувањата. Може да ги покрива сите три позиции во офанзивата, но воглавно игра како лево крило. Се работи за играч кој е деснак кој е исклучително брз, создава вишок на играч, добар е во контранапад и ја трансформира играта“, додаде Влак.
Не е прецизирано за колку пари Гиљерме стигна во хрватската претстолнина, меиумите шпекулираат дека за неговите услуги се потрошени преку три милиони.
Интересно е дека Бразилецот со себе од татковината го носи прекарот „син ветар“ што доволно зборува за неговата брзина.