Дирк Новицки повторно испиша историја во НБА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки синоќа уште еднаш испиша историја во НБА-лигата.

Новицки пред неколку дена ја почна својата 21 НБА сезона и на таков начин го урна рекордот на Коби Брајант, кој имаше одиграно најмноу сезони во дресот на еден клуб.

Германецот синоќа играше за Далас во тирумфот против Њу Орлеанс, а на паркетот помина повеќе од 11 минути и постигна седум поени.

На тој начин учествуваше во уште една победа на својот ти, а верувале или не, тоа му беше 900. победа во најсилната кошаркарска лига.

Ниту еден кошаркар од Европа не успеа да направи успех како Новицки, па може да се каже дека тој е најдобар Европеец во историјата.

Инаку, Новицки во кариерата освои НБА-прстен во 2011 година, 13 пати играше на Ол-Стар натпревар, па по еднаш осво МВП награда во регуларниот дел од сезоната и во финалната серија.