Ди Марија се враќа во Англија?

    Играчот за врска на Пари Сен Жермен Анхел Ди Марија во јануарскиот преоден рок може да се врати во Англија.

    „Донбалон“ пишува дека менаџерот на Челси Антонио Конте е заинтересиран да го доведе аргентинскиот репрезентативец на Стенфорд Бриџ.

    Дваесет и седум годишниот Ди Марија не е задоволен со системот на игра кој го форсира новиот тренер на Парижаните Унаи Емери и нема ништо против да ги напушти Светците и да се врати во Премиер лигата, дури и по цена на намалување на платата.

    Аргентинецот во сезоната 2014/15 играше за Манчестер Јунајтед, но не се прослави во тимот на тогашниот менаџер Луј Ван Гал.

    Поради недоразбирањето со Холанѓанецот го напушти Олд Трафорд и во летото 2015 година за 44 милиони фунти се пресели во ПСЖ со кој тим ја освои титулата во Франција.