Днипро, Терек Грозни, МТК и Олимпик Доњецк се противниците на Работнички во Анталија

Втората фаза од зимските подготовки Работнички ќе ја реализира во турската база Анталија, каде веќе традиционално неколку години се подготвува скопскиот клуб. Договорени се и пријателските натпревари што Работнички ќе ги одигра во Анталија.

На 28-ми јануари Работнички ќе игра против украинскиот клуб Днипро, два дена подоцна ќе следи натпревар против рускиот клуб Терек Грозни, а на 2-ри февруари противник ќе биде унгарскиот клуб МТК.

За 4-ти февруари е планиран уште еден тест натпревар и најверојатно ќе биде одигран неофицијален тренинг натпревар против украинскиот клуб Олимпик Доњецк со кој ќе бидат сместени во истиот хотел во Анталија.