Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус вечерва играат на гостувањето против Наполи во реванш натпреварот во Купот на Италија.
Јувентус пред неколку денови играше во Серија А, а резултатот заврши 1:1.
Секако, во центар на внимание беше Игуаин кој по прв пат се врати во Неапол по трансферот во Јувентус.
Навивачите го пречекаа на лош начин со навреди и свирежи.
Сепак, Игуаин тврди дека заминувањето во Јувентус бил најдобриот можен потег кој можел да го направи.
„За Торино како град не знаев ништо, но се осигурав дека тоа е еден убав и мирен град. Среќен сум што дојдов овде затоа што го достигнав нивото кое не успеав во Наполи.“