Добри вести за „Старата дама“: Буфон се врати на тренинг!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се врати на терените и почна да тренира по пауза од два месеци поради повреда.

Буфон последен пат бранеше на натпреварот против Наполи во кој неговиот тим победи со 1:0 на 1 декември минатата година.

Тренерот Алегри во понеделникот, по победата против Џенова, кажа дека капитенот на „Старата дама“ ќе почне да тренира оваа недела.

Јувентус оваа вест ја потврди со видео кое беше објавено на Твитер.